skip to Main Content

Роналдо со порака до Зидан: Горд сум што бев твој фудбалер

Роналдо со порака до Зидан: Горд сум што бев твој фудбалер
  • 31.05.2018

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, исто така, изрази жалење за заминувањето на Зинедин Зидан од чело на „белите“.

– Чувствувам само гордост што бев твој фудбалер. Ти благодарам многу за сe, напиша петкратниот освојувач на „Златната топка“ на Инстаграм.

Претходно денес, тренерот ја објави својата одлука да замине, објаснувајќи дека повеќе не гледал како би можел да го мотивира тимот по толку многу успеси.

Еден од резервните капитени, Марсело, исто така му се заблагодари на Французинот.

– Г-дин Зизу, научив многу покрај тебе! Уживав во секој тренинг како дете. Уживав во секој совет. Ти си многу посебен човек за мене. Ти напиша историја со твојата работа, самодоверба, страст и скромност, вели бекот на европскиот клубски шампион.

Back To Top