skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Радев: Ја поддржуваме Северна Македонија, но не безусловно
Лидерската средба неизвесна
Апостолакис за МИА: И двете страни да ги извлечат позитивните работи од Договорот од Преспа
Скопје и Сеул воспоставија дипломатски односи
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Рекорд на Вестбрук, Хјустон го доби дуелот со Далас (ВИДЕО)

Рекорд на Вестбрук, Хјустон го доби дуелот со Далас (ВИДЕО)
  • 12.02.2019

Расел Весбрук стана играчот со најмногу трипл-дабл ефекти во низа во најсилната кошаркарска лига на светот.

Вестбрук и Пол Џорџ ја предводеа  Оклахома во победата над  Портланд од 120:111. Вестбрук мечот го заврши со 21 поени 14 скокови и 11 асистенции со што го надмина остварувањето на Вилт Чембрлен од пред половина век.

Вестбрук сега е единствениот кошаркар кој на 10 натпревари по ред постигнал трипл-дабл. Неверојатен натпревар одигра Пол Џорџ со 47 поени 12 скокови и 10 асистенции.

Во неизвесен и тензичен натпревар Торонто го доби соочувањето со Бруклин со 127:125. Ја идвојуваме и победата на Хјустон против Далас од 120:104. Дончиќ за поразените уфрли 21 поен, за Рокетс уште еднаш најдобар беше Харден со 31 постигнат поен.

Резултати:

Кливленд – Њујорк 107:104
Детроит – Вашингтон 121:112
Индијана – Шарлот 99:90
Торонто – Бруклин 127:125
Чикаго – Милвоки 99:112
Хјустон – Далас 120:104
Минесота – ЛА Клиперс 130:120
Оклахома – Портланд 120:111
Денвер – Мајами 103:87

Back To Top