skip to Main Content

Рекордна ноќ за Џејмс Харден и Дианџело Расел, неверојатен триумфален пресврт на Бруклин

Рекордна ноќ за Џејмс Харден и Дианџело Расел, неверојатен триумфален пресврт на Бруклин
  • 20.03.2019

Полека, но сигурно, Хјустон фаќа победнички ритам во трката за второто место на Запад. „Ракетите“ со 122-105 славеа над Атланта во име на Џејмс Харден, кој стана единствениот играч во историјата на НБА со постигнати над 30 поени против 29 екипи во една сезона. Популарната Брада мечот го заврши со 31 поен, 10 асистенции и 8 скока.

Битката за плеј-оф, пак, ја продолжува  Бруклин откако со неверојатен пресврт на гостински терен го совладаа Сакраменто со 123-121.

„Кралевите“ имаа огромна предност од 28 поени на крајот од третиот квартал, но во продлжение Нетси предводени од Дианџело .и кошот на Џеферсон на помалку од секунда до крајот извојуваа триумф. Расел заврши со рекордни за него 44 поени, а Џеферсон со 14 коша.

На останатите натпревари: Шарлот загуби од Филаделфија 114:118, , Милвоки го надигра ЛА Лејкерс 115:101 и Голден Стејт славеше кај Минесота 107:117.

Back To Top