Реал го продава Модриќ, бара симболична сума за него

Симболични 10 милиони евра, според италијанското издание на „Калчомеркато“. 34-годишниот играч од средниот ред не е далеку од крајот на кариерата, но тој сака да проба нешто ново и да ги смени клупските бои.
Тој, исто така, испадна од сметките на Зинедин Зидан и францускиот стратег смета дека би било поправилно да се наметнуваат млади играчи од средниот ред отколку да му се даде шанса на ветеранот.
Веројатно е дека кариерата на репрезентативецот на Хрватска ќе продолжи во Италија, откако имал разговори со двата гиганти од Милано – Интер и Милан.
За неколку недели, ќе има малку повеќе јасност за неговата иднина.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.