skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Ракомет: Прва победа за Металург во Лигата на шампионите

Ракомет: Прва победа за Металург во Лигата на шампионите
  • 04.11.2018

Против тимот на Чеховски медведи, Металург ја оствари првата победа во новата сезона од Лигата на шампионите во ракомет, со резултат 25-24. Сините уште на полувреме покажаа дека можат да одиграат квалитетно, со тоа што водеа 16-10.

Никола Даниловски, кој вообичаено е втор голман на тимот од Автокоманда, имшае 10 интервенции во првото полувреме, а со негова помош и со цврстата одбрана Металург се одлепи прво на 13-9, а потоа со серија од 3-0 и до максимални +6 на паузата.

Русите најавија тешка борба и се вратија во второто полувреме, но само за да држат негатива од три до четири гола, која на крај се намали на минус еден.

Даниловски застана на 13 одбрани, Димитриоски беше најефикасен со пет гола, по четири постигнаа Шпенде, Токиќ и Серафимов. Добар беше и гостинскиот голман Павелнко со 13 одбрани, додека Маслеников имаше седум гола од седум обиди.

Следниот натпревар Металург повторно игра дома против Спортинг.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top