skip to Main Content

Ракометарките ги започнувааат подготовките за бараж двомечот против Словенија за пласман на СП

Ракометарките ги започнувааат подготовките за бараж двомечот против Словенија за пласман на СП
  • 27.05.2019

Македонската женска ракометна репрезентација од денеска се собира во Скопје. Во рамките на ЕХФ неделата нашите најдобри ракометарки ќе се подготвуваат за бараж двомечот против селекцијата на Словенија.

Ова е исклучителлно важен двомеч за нашата репрезентација во обидот да се пласира на светското првенство во Јапонија на крајот од оваа календарска година.

Избраничките на Симе Симовски имаат една недела за тренинзи пред соочувањето со словенките на домашен терен, закажано за вториот ден од викендот во Борис Трајковски. Реваншот со Словенија ќе се игра на 6 јуни.

 

Back To Top