skip to Main Content

ПСЖ преговара за Донарума и подготвува 50 милиони евра

ПСЖ преговара за Донарума и подготвува 50 милиони евра
  • 27.06.2019

Младиот и перспективен голман на Милан и на Италијанската репрезентација, Џанлуиџи Донарума е мета на тимот на ПСЖ. Парижаните се подготвени за еден од најперспективните млади голмани на светот да платат 50 милиони евра, а оставаат простор и за преговори и за надоградба на договорот.

Па така, во игра е и можноста во самиот трансфер да биде вклучен и Алфонс Ареола, што доколку се случи, сумата која ПСЖ би ја платил ќе се намали на 30 милиони.

Донарума дебитираше за Милан на негови 16 години и веќе е искусен голман иако во моментов има само 20 години. Има забележано досега 146 мечеви во дресот на „росонерите“, а неговиот агент Мино Раиола сигурно има сериозни планови за во иднина.

 

 

Back To Top