skip to Main Content

ПСЖ без Мбапе против Реал

ПСЖ без Мбапе против Реал
  • 12.09.2019

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, ќе го пропушти првиот натпревар од групната фаза од
Лигата на шампионите против Реал Мадрид, пренесува „Паризиен“.

20-годишниот Французин тренира во лесен режим, но нема да игра на неколку натпревари, меѓу кои и оној со Стразбур од Лига 1 и со Реал Мадрид на 18 септември.

Мбапе доживеа повреда на мускулот во бутот за време на натпреварот од третото коло од францускиот шампионат против Тулуз, кој заврши со победа од 4:0 за парижаните.

Оваа сезона тој учествуваше на четири натпревари за ПСЖ, постигнувајќи два гола и асистираше за еден.

Неговиот договор со парижаните е до летото 2022 година, а неговата трансферна вредност е околу 200
милиони евра.

Back To Top