skip to Main Content

Промовиран новиот гостински дрес на Реал Мадрид

Промовиран новиот гостински дрес на Реал Мадрид
  • 27.06.2019

Реал Мадрид летово сериозно планира да го реконструира тимот, и да доведе големи звезди кои ќе го вратат сјатот на тимот на резултатски план пред се. Се преговара со многу имиња, најавени се екстра играчи, а додека тоа се случи Адидас и клубот го креираа и промовираа новиот дрес за гостински терен за следната сезона. Големите клубови често знаат во летниот период да експериментираат со гостинските дресови, односно бојата.

Во минатото Реал МАдрид настапуваше на гости со бели, црни, дури и розеви дресови, а следната сезона тоа ќе биде сината боја. На промоцијата на дресовите се најдоа Марсело и Бензема, факт кој говори дека и обајцата и следната сезона ќе го носат дресот на Реал Мадрид.

Back To Top