skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

По елиминацијата од Номе Калју, Шкендија се сели во ЛЕ – на мегдан со Дуделанж

По елиминацијата од Номе Калју, Шкендија се сели во ЛЕ – на мегдан со Дуделанж
  • 17.07.2019

Македонскиот фудбалски првак Шкендија доживеа дебакл уште на почетокот од квалификациите за Лигата на шампионите.

Естонскиот првак Номе Калју по минималниот пораз на свој терен припреди вистинско изненадување на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје совладувајќи ја Шкендија со 2-1.

Тетовскиот клуб беше во игра се до самиот финиш, сепак не издржа во првата минута од судиското надополнување. Мрежата на Захов по втор пат се затресе, а тоа Шкендија ја чинеше елиминација и наместо двомеч со шкотски Селтик, преселба во Лига Европа и двомеч со Дуделанж од Луксембург во второто квалификациско коло.

За резултатското фијаско одговорност презеде тренерот Ќатип Османи.

„Имаме проблем со реализацијата. Потенцирав на тоа и по првиот меч. Бевме бледи во првиот дел, подобро го почнавме вториот, а, сепак, недоволно за победа. Отсуствуваше агресивност во нашата игра, доцневме во додавањата. Од анализите заклучивме дека може да бидат опасни по прекини, за жал не затворивме најдобро при двата примени гола. Разочарување, секако, е присутно. Одговорноста е моја. Не бегам од неа. Но, мора да се врати атмосферата во екипата бидејќи нè чека двомеч во Лига Европа“, истакна Османи.

Тетовскиот клуб за прв пат се соочи со елиминација од клуб со послаб рејтинг. Номе Калју во моментов котира на 292.место во Европа, додека Шкендија до пред дуелот беше на 178 позиција.

Наредниот противник на Шкендија не е нималку наивен, иако доаѓа од уште понефудбалска земја од Естонија. Дуделанж лани беше сензационален учесник во групната фаза од Лига Европа, а тоа доволно говори каков предизвик го очекува македонскиот првак Шкендија.

Back To Top