skip to Main Content

По Веспрем, следува Војводина – добра подготовка за Рајн Некар

По Веспрем, следува Војводина – добра подготовка за Рајн Некар
  • 01.10.2018

Три победи од три натпревари, од кои две гостински против европскиот првак Монпелје и силниот унгарски шампион Веспрем, ретко кој очекуваше дека Вардар на ваков начин ќе ја отвори сезоната. Сепак, време за одмор се помалку имаат, веќе се фокусирани кон утрешниот предизвик во СЕХА лигата – српскиот првак Војводина. Тренерот Роберто Парондо очекува сериозен пристап од своите играчи.

„Војводина е најдобриот тим во Србија во последните неколку години и не смееме да го потцениме ривалот. Имаат млади и добри играчи, кои играат агресивно и сакаат да се докажуваат. Ние сакаме да покажеме дека имаме квалитет. Сигурно нема да биде тешко како на средбата против Веспрем, но мораме да ја сфатиме нашата задача максимално сериозно”, изјави тренерот Роберто Парондо.

Според Даинис Криштопанс мечот против Војводина е добра увертира за следниот предизвик во Лигата на шампионите.

„Војводина има многу млади играчи, но и искусен голман. Се работи за најдобрата екипа од Србија. Вардар оваа средба треба да ја искористи како добра подготовка за Рајн Некар во Лигата на шампионите”, изјави Кристопанс.

Натпреварот меѓу Вардар и Војводина во рамките на петтото коло од СЕХА лигата се игра во вторник во СЦ „Јане Сандански“ од 17.15 часот.

Back To Top