skip to Main Content

Почина легендата и поранешен тренер на Вардар, Вукашин Вишњевац

Почина легендата и поранешен тренер на Вардар, Вукашин Вишњевац
  • 26.09.2019

Во 81. година од животот почина Вукашин Вишњевац, некогашен фудбалер и долгогодишен тренер. Роден е на 15 јуни во 1939 година во местото Гацко, БиХ и со своите игри и работа остави трага во голем број на клубови во поранешна Југославија меѓу кои и во Вардар на чие кормило беше во 1983/84, две години пред освојување на шампионската титула на „црвено-црните“ во сојузната лига.

Како фудбалер играше за Сараево, за Игман, за Слога Добој, за Истра и за Ровињ. Тренерската кариера ја започна во младите категории на Истра за подоцна да му бидат доверени и првите екипи на Сараево, на Вележ, на Олимпија Љубљана, на Војводина, на Риека, на Партизан, на Приштина, на Леотар и на Сутјеска.

На клупски план работеше и надвор од границите на поранешна Југославија во тимови во Саудиска Арабија и во Кувајт, а еден период беше и селектор на репрезентацијата на Јордан.

Цела деценија беше вклучен во стручниот штаб на Фудбалскиот сојуз на Југославија како селектор на репрезентацијата за играчи до 21 година што ја предводеше до финале на ЕП 1979 по триумфот над тогашна Источна Германија со 4:3.

Со олимписката селекција на Југославија освои бронзен медал на Олимписките игри во Москва во 1980 година, со злато се закити на Медитеранските игри во Сплит во 1979 година, а беше дел од стручниот штаб на А тимот на СП 1982 во Шпанија.

Фото: trebinjelive.info

Back To Top