skip to Main Content

Познато е кој ќе биде домаќин на македонското дерби на стартот во СЕХА

Познато е кој ќе биде домаќин на македонското дерби на стартот во СЕХА
  • 23.08.2018

Македонските претставници во регионалната ракометна СЕХА лига, Вардар и Металург се договорија за домаќин во првото коло да бидат „Црвено-црните“.

„Наместо во гости првото коло од СЕХА Газпром лигата ќе против Металург го играме на домашен терен во СЦ „Јане Сандански” на 29 август во 20:45 часот. Во договор со нашиот ривал ќе биде направена измена околу домаќинот за ова коло, се вели во соопштението на РК Вардар.

Двата најголеми градски ривали веќе одиграа еден натпревар во новата сезона. Минатиот викенд во Струга во рамките од македонскиот Супер Куп, Вардар победи со 33:24.

Back To Top