skip to Main Content

Познати термините за СП 2019: Македонија на стартот против Јапонија

Познати термините за СП 2019: Македонија на стартот против Јапонија
  • 31.10.2018

По двата натпревари во квалификациите за ЕП 2020, сениорската ракометна репрезентација на Македонија за два ипол месеци ќе настапи на Светско првенство во Германија и Данска, а денеска Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави и термините за одигрување на натпреварите.

Избраниците на Раул Гонзалес групната фаза ќе ја играат во Минхен, а за противници во групата Б ги имаат Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија.

На 11-ти јаниари против Јапонија од 15.30 часот и официјално ќе го отвориме Мундијалот, а по еден ден пауза следува пресметка против Бахреин од 14 часот. На 14-ти следува првата сериозна задача против Хрватска од 18 часот, а по два дена пауза Македонија ќе излезе на мегдан против Шпанија од 20.30ч. Групната фаза ќе ја затвориме против Исланд на 17 јануари од 18 часот.

Најдобрите три репрезентации од секоја група ќе се пласираат во следната фаза.

Комлетен распоред на термините за натпреварите – ТУКА.

фото: Panevski Sports Photography

Back To Top