skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Повратникот Милевски на турнир во Турција ќе ја тестира репрезентацијата У-21

Повратникот Милевски на турнир во Турција ќе ја тестира репрезентацијата У-21
  • 14.03.2019

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година од 18. до 27. март во Турција ќе учествува на силниот „Анталија Куп“.

Македонија за противници ќе ги има врсниците од Украина (22 март), Летонија (24 март) и Естонија (26 март), а иако селекцијата на Казахстан учествува во оваа група, сепак нема да ги измери силите со нашата репрезентација од причина што двете селекции се во иста групата од квалификациите за ЕП 2021.

По нецела година Благоја Милевски повторно ќе ја предводи репрезентацијата на Македонија до 21 година, истиот селектор кој со претходната генерација испиша историски успех со пласманот на Европското првенство во Полска 2017. година.

Список на повикани фудбалери:

Голмани: Томас Божиновски (Фиеренсе, Португалија), Ристе Јанков (Работнички), Даниел Котевски (Победа); Одбрана: Нехар Садики (Ренова), Агрон Руфати (Истра 1961, Хрватска), Есмин Личина (Скопје), Филип Трајановски (Академија Пандев), Филип Антовски (Динамо Загреб, Хрватска), Михаил Маневски (Академија Пандев), Тодор Тодоровски (Осијек, Хрватска), Ване Јованов (Академија Пандев); Среден ред: Давор Здравковски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Јани Атанасов (Бурсаспор, Турција), Димитар Митровски (Спортинг Лисабон, Португалија), Кристијан Ацковски (работнички), Милош Тошевски (Земун, Србија), Марко Ферукоски (Офенбах, Германија), Бесард Шабовиќ (Дјургарден, Шведска); Напад: Бејхан Аметов (Борусија Дортмунд, Германија), Милан Ристовски (Ријека, Хрватска), Марио Крстовски (Академија Пандев), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Кристијан Трапановски (Славија Прага, Чешка), Емил Абаз (Бершот, Белгија), Ердон Даци (Коњаспор, Турција);

Back To Top