skip to Main Content

Победа „на мускули“ во Турција за потврда на петтото по ред ЕП

Победа „на мускули“ во Турција за потврда на петтото по ред ЕП
  • 12.06.2019

Потешко од очекуваното, Сениорската ракометна репрезентација на Македонија извојува победа (25:26) на гостувањето во Турција во претпоследното квалификациско коло, по која го потврдија учеството на петтиот  евро-шампионат.

Македонија во Ескишехир беше далеку од посакуваното ниво. Иако избраниците на Данило Брестовац во првите 15 минути на двапати поведо со плус 4, потоа следуваше драстичен пад во играта, кој фантастично го искористи домаќинот. Турците лесно го најдоа патот до мрежата на Борко за целосен пресврт и предност од 13-11 на паузата.

Во вториот дел Турција го контролираше резултатот се до 49-та минута, кога нашата селекција за прв пат изедначи на 21-21, а потоа и поведе. Сепак по голема драма на крајот херој на мечот излезе голманот Никола Митревски бранејќи го последниот удар на Турција во самиот финиш за минимална победа на Македонија.

Најпрецизен беше Лазаров со седум гола, Талески го следеше со пет, а Митревски заврши со осум одбрани. Кај Турците, Пеливан беше незадржлив со 10 гола, а голманот Осмусул брилираше со 16 интервенции.

Македонија ја запиша третата квалификациска победа за сигурен престој на врвот во нашата група со 7 бода, пред завршното коло в недела против Грција во Струмица.

 

фото – гол.мк

Back To Top