Панчев: Модриќ не е најдобар фудбалер во историјата на Хрватска!

Македонската фудбалска легенда, Дарко Панчев, во интервју за „Вечерњи лист“ даде изјава со која го навлече гневот на голем број љубители на фудбалот во Хрватска.
Според Панчев, Лука Модриќ не само што не е најдобар фудбалер на екс-југословенските простори, туку не е најдобар ниту во историјата на Хрватска.
„Модриќ секако е голем играч, еден од најголемите на овие простори. Но, мислам дека не е најдобар хрватски фудбалер во историјата, а секако не е најдобар на сите времиња ниту на просторите на поранешна СФР Југославија“ – смета Панчев.
После оваа изјава, некои фанови коментираа дека „Кобрата“ не е во право, и го критикуваа.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.