skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Официјално: Уште една легенда, по 18 години, ќе се збогува со Рома

Официјално: Уште една легенда, по 18 години, ќе се збогува со Рома
  • 14.05.2019

Даниеле Де Роси и официјално по крајот на сезоната нема да остане фудбалер на Рома.

„Волчицата“ соопшти дека нема да му го продолжи договорот на 35-годишниот играч од средниот ред, кој цели 18 години му беше верен на клубот.

Заедно со Тоти, Де Роси важи за легенда на клубот, но за разлика од Франческо, Даниеле нема да ја заврши кариерата во Рим, чека понуда од САД, каде најверојатно ќе се пресели летово.

Де Роси со Рома освои три титули. Две во Копа Италија, а една во Суперкупот против Интер во 2007-та година, кога го постигна голот на победа.

Во националниот дрес на Италија одигра 127 натпревари, освојувајќи светска титула, а со младинската генерација беше првак на Европа. Пред него по бројот на настапи се само Канаваро, Буфон и Малдини.

Back To Top