skip to Main Content

Останува копнежот за гостински триумф: МЗТ Скопје загуби кај најслабата екипа во АБА 2 (ФОТО)

Останува копнежот за гостински триумф: МЗТ Скопје загуби кај најслабата екипа во АБА 2 (ФОТО)
  • 24.10.2018

Кошаркарите на МЗТ Скопје повторно разочараа кога во прашање е настап на гостински терен во АБА 2 лигата. Тимот од Аеродром го претпе вториот пораз надвор од Скопје, овој пат во Мостар кај аутсајдерот Зрињски со 93-87, во петтото коло од регионалното, второ по квалитет кошаркарско натпреварување.

МЗТ Скопје битката ја загуби уште на самиот почеток откако по само пет минути игра губеше со 14 коша разлика. На паузата Зрињски замина со (51-36), предност која успешно ја сочува се до самиот крај. Иако, МЗТ Скопје во последниот квартал стисна заби и на 16 секунди до крајот дојде на само два поени негатива (89-87), сепак сили за пресврт немаше.

Очигледно во играта на „Сино-белите“ беше отсуството на повредениот Џејмс Вудард, а во негово отсуство во нападот предводеше Иванов со 26 поени. Одлично го следеше Симоновски со 20 поени, а двоцифрен заврши и Младеновски со 14 поени.

МЗТ Скопје со три победи и два порази останува на четвртото место на табелата. Во наредното, шестто коло на 11 ноември го пречекува Сплит од Хрватска, второрангираната екипа со само еден пораз досега и четири победи.

 

Back To Top