skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Оптимизам во Шкендија: Ќе ја надополниме негативата од Розенборг и ќе испише историја во Скопје

Оптимизам во Шкендија: Ќе ја надополниме негативата од Розенборг и ќе испише историја во Скопје
  • 24.08.2018

Уште во првите 90 минути од плејофот за Лига Европа, норвешкиот гигант, Розенборг целосно ја оправда фаворитската улога против македонскиот првак Шкендија, славејќи со 3:1. Мечот во Трондхајм го решија уште во првото полувреме, реализирајќи ги сите три погодоци.

Серијата ја отвори Исам Јебали со прекрасен погодок по асистенција на Никлас Бендтнер, кој четири минути подоцна успеа и самиот да се запише во листата на стрелците. Последниот погодок беше дело на Џонатан Леви пред самата пауза. Сепак, Стенио Жуниор, ја врати надежта за Шкендија дека може да анулира негатива од два гола откако во 76-тата минута го постигна единствениот погодок за Црвено-црните.

Според тренерот, Ќатип Османи, резултатот на „Ленкаран“ не ја потврдува вистинската слика на теренот.

„Врз основа на играта, мислам дека Шкендија заслужуваше подобар резултат. Не очекува историски натпревар во Скопје, а голот што го постигнавме ни дава надеж дека можеме да ја надополниме негативата. Ако ја повториме играта, а при тоа имаме максимална поддршка на трибините ќе се пласираме во Лига Европа“, изјави Османи по мечот во Трондхајм.

Разврската ќе беше далеку поинтересна доколку судијата покажеше на белата точка за Шкендија при играта со рака на Розенборг во последните моменти од средбата. Сепак, до тоа не дојде. Останува Шкендија да консолидира по поразот и во речиси невозможна мисија на 30 август на реваншот во Скопје да атакува на сензација, а со тоа и историски пласман во ЛЕ.

Back To Top