Обдукцијата ја откри причината за смртта на Емилијано Сала

Фудбалскиот свет сè уште тагува за фудбалерот Емилијано Сала, кој несреќно го загуби животот во авионска несреќа на пат од Нант кон Кардиф.
Денеска форензичарите ја открија и причината за неговата смрт. Сала почина поради тешки повреди на главата и градите. Патолошкиот наод покажа дека најтешки биле повредите на главата и на трупот.
Англиските власти информираат дека истрагата нема да заврши, и дека наскоро ќе ги обелоденат и причините за падот на авионот.
Пилотот Дејвид Иботсон сè уште не е пронајден.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.