skip to Main Content

Новак Ѓоковиќ се зацврсти на лидерската позиција на АТП рангирањето, Осака нов лидер кај дамите

Новак Ѓоковиќ се зацврсти на лидерската позиција на АТП рангирањето, Осака нов лидер кај дамите
  • 28.01.2019

Седумкратниот освојувач на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на врвот на најновото АТП рангирање во однос на Рафаел Надал која сега изнесува повеќе до 2500 бодови. Српскиот тениски ас викендов доминантно ја освои титулата во Мелбурн декласирајќи го шпанецот во големото финале.

Рожер Федерер го претрпе најголемиот пад на АТП рангирањето во последните две години. Швајцарецот беше елиминиран во осминафиналето на австралија Опен по што падна за три места и сега е на шестото место на ранкингот што е повторување на пласманот од март 2017.

Пред Федерер се Зверев, Дел Потро и Андерсон. Најголем скок на ранг листата има Лукас Пуј кој напредуваше 14 позиции и сега е на 17 место.

Кај дамите, нов лидер е Наоми Осака, освојувачката на Австралија Опен. Зад неа се Квитова, Халеп, Стивенс и Плишкова.

Back To Top