skip to Main Content

Нејмар: Ќе го оставам живот на терен за ПСЖ!

Нејмар: Ќе го оставам живот на терен за ПСЖ!
  • 30.09.2019

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар го коментираше неговиот однос со навивачите на тимот. Ова лето, Бразилецот беше многу блиску до трансфер во Барселона, а тој сподели дека не сака повеќе да игра за францускиот клуб, со што го навлече врз себе гневот на приврзаниците.

„Ги разбирам навивачите и знам дека е многу тешко за нив, но засега јас сум играч на ПСЖ. Навикнат сум да ме исвиркуваат. Немам ништо против навивачите. Се чувствувам како да сум далеку од дома секој натпревар. Нашите односи се слични на оние со жената. Понекогаш се карате и не зборувате. Сепак, со љубов и посветеност, повторно ја опоравувате вашата врска. Јас сум тука да му помогнам на ПСЖ и да го ставам животот на теренот“, заврши Бразилецот.

Back To Top