skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинителството го стави под лупа бегството на Груевски
1ТВ ја презеде медиумската лидерска позиција
Европските Зелени го обвинуваат Орбан дека се обидува да предизвика конфликт
Заев: Груевски е кукавица, категорично ги отфрлам сите шпекулации за каков било политички договор со него
Груевски илегално влегол во Албанија, а со пасош излегол на границата со Црна Гора
Иванов одбива каква било инволвираност во врска со донесената судска одлука за Јанакиески
Заев-Борисов: Нашите две земји се пример за новата реалност на Балканот
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

„Нексе како добра подготовка за дербито со Барселона“

„Нексе како добра подготовка за дербито со Барселона“
  • 05.11.2018

Македонскиот првак, Вардар по триумфот над Мешков Брест (30-23), петти во шестиот натпревар од Лигата на шампионите, веднаш се фокусираа на следниот предизвик, веќе во вторник против Нексе во СЕХА лигата.

На натпреварот со Нексе сигурно нема да настапи пивотменот Рожерио Мораеш. Тој има проблеми со коленото, па очекувано клубот ќе се обиде да го сочува Бразилецот за неделното дерби против Барселона во Лигата на шампионите.

„Нексе игра одлично во СЕХА-лигата досега и ќе ни биде многу тешко. Играат добра одбрана, имаат интензивно темпо и прават многу промени во одбаната. Ќе мора да внимаваме на тоа. Имаат добри играчи во напад, создаваат лесни ситуации за шут од околу 10 метра. Сепак, верувам во позитивен резултат“, изјави тренерот на Вардар, Роберто Парондо.

„ Нексе е силна екипа која игра добар ракомет. Имаше доволно време за да се одмори и да се подготви за нас. Доаѓаат во полн состав во Скопје. Со самото тоа тие доаѓаат по бодови. Ние одиме на максимум и ова е дуел кој ќе ни биде подготовка за дуелот против Барселона. Нема сомнежи дека ќе покажеме најдобра игра што можеме на утрешниот дуел. Ракометарите секогаш се борат до крај и затоа ние мораме да одиграме квалитетно од почеток и да се обидеме уште во првото полувреме да дојдеме до предност и тука да го решиме натпреварот, изјави Дејан Милосављев, голманот на Вардар.

Вардар врза два порази во СЕХА лигата, а утре против Нексе во СЦ Јане Сандански од 20.45 часот ќе атакува на шестта победа, а со тоа враќање на втората позиција, каде засега стои токму Нексе со еден триумф повеќе.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top