skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

На „Олд Трафорд“ и на „Олимпико“, вечерва ќе започне осминафиналниот расплет во ЛШ

На „Олд Трафорд“ и на „Олимпико“, вечерва ќе започне осминафиналниот расплет во ЛШ
  • 12.02.2019

Првото соочување на најтрофејниот од Англија и првакот на Франција треба да разјасни многу дилеми. Оле Гунар Солскјер може да смета на сите стандарни првотимци, поради повреда недостигаат Дармијан, Рохо и Валенсија, играчи кои немаат големо влијание по формата во која играат ѓаволите.

Ситуацијата во ПСЖ е сосема поразлична од таа во Јунајтед. Томас Тухел за денешниот натпревар остана без ослугите на Кавани, од предходно беше повреден Нејмар а нема да настапи и Муние.

На вториот осминафинален натпревар закажан за вечерва, на Олимпико во Рим, Рома ќе го пречека Порто. Калчолигашот по дебаклот од Фиорентина се рехабилитираше со реми против Милан и победа над Киево но Ди Франческо е свесен дека сега доаѓа вистинскиот испит.

Португалците не се во посакуваниот ритам. Лидерот во шампионатот на Португалија има две победи и три нерешени на последните пет натпревари. Консеисао потврди дека Абукар и Марега дефинитивно не се во комбинација за настап а неизвесен е Переира.

Рома и Порто последен пат се соочија во квалификациите за Лигата на шампионите во 2016 година. Во Португалија мечот завшри 1:1 а во Италија, Порто победи со 3:0.

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top