skip to Main Content

На Де Лихт при изборот на нов клуб, најважни му биле парите

На Де Лихт при изборот на нов клуб, најважни му биле парите
  • 20.09.2019

Холандскиот дефанзивец, Матајс Де Лихт, во минатата сезона се прослави со игрите во дресот на Ајакс, па летово прејде во Јувентус, иако за него се интересираа и други клубови.

Барселона го посакуваше Де Лихт, па сега каталонците обвинуваат дека младиот Холанѓанец ги избрал парите, бидејќи Јуве му нудел најбогат договор.

„Се трудевме да го донесеме Де Лихт, испративме две понуди за него, но тој на крајот го одбра Јувентус. Таму ќе заработува повеќе пари, и затоа ги избра нив. Италијанскиот закон за данок е таков што играч може да добие поголема плата отколку во другите држави“ – вели директорот на Барса, Оскар Грау, кој додаде и дека не успеале да го донесат Нејмар, бидејќи неговиот клуб ПСЖ одбивал да го продаде.

Back To Top