Модриќ е првиот добитник на Златната топка во последните 26 години што не успеал да добие номинација за следната година

Франс Фудбал ги објави 30 претенденти за освојувач на Златната топка која се доделува за најдобар играч на светот во 2019 година. Минатогодишниот лауреат Лука Модриќ, кој игра за Реал Мадрид, не се најде на списокот.
За прв пат по 26 години, победникот на „Златната топка“ не доби номинација за следната година. Последен пат таков случај беше во 1992 година кога победи Марко ван Бастен, но не беше номиниран во 1993 година.
Трофеј за најдобриот фудбалер на годината се доделува од 1956 години, го освои Англичанецот Стенли Метјус.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.