skip to Main Content

МКФ: Бојан Трајковски и Војдан Стојановски најдобри за 2018 година

МКФ: Бојан Трајковски и Војдан Стојановски најдобри за 2018 година
  • 18.12.2018

Бојан Трајковски и Војдан Стојановски ќе ја поделат наградата за најдобар македонски кошаркар за 2018 година.

Ова го соопштија од МКФ со објавата на листата на наградени за оваа календарска година. За прв пат во историјата,  главното признание ќе го поделат двајца играчи кои воедно се и најдобрите поединци во нашата репрезентација.

Листа на наградени:

Најдобар македонски кошаркар за 2018 година
Војдан Стојановски и Бојан Трајковски

Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година
Анџелика Митрашиновиќ

Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Работнички
Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги)
Бадел 1862

Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги)
Работнички

Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги)
Струга 2009

Најдобра млада репрезентативна екипа
М16 мажи

Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги)
Анета Глигорова

Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги)
Александар Јованчев

Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги)
Срѓан Дамњановски

Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги)
Марин Докузовски

Најдобар млад кошаркар за 2018 година
Виктор Ефремовски

Најдобра млада кошаркарка за 2018 година
Илина Селцова

Најдобар судија за 2018 година
Игор Митровски

Од МКФ потврдија дека официјалната манифестација на која ќе бидат поделените признанијата ќе се одржи на 24 декември..

Back To Top