Меси го постигна 50. гол од слободен удар

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси постигна гол во натпреварот од 11. коло од Шпанското првенство против Ваљадолид. Аргентинецот погоди од слободен удар за негов јубилеен 50.погодок.
Според прес-службата на клубот, Меси во неговата кариера од слободен удар постигна 44 голови за Барселона и шест за аргентинската репрезентација.
Барселона го победи Ваљадолид со 5:1, а Меси на овој дуел постигна уште еден гол.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.