skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Македонските ракометари денеска против Турција бркаат трета победа во евроквалификациите

Македонските ракометари денеска против Турција бркаат трета победа во евроквалификациите
  • 12.06.2019

Македонската машка ракометна репрезентација денеска во Ескишехир ќе и гостува на Турција. Натреварот ќе се игра во рамките на  препоследното коло од коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.

Нашите најдобри ракометари денеска ќе истрчаат против Турција во улога на фаворити, со желба за втора победа над селекцијата која загуби со 31: 27  на гостувањето кај нас во октомври минатата година во првото коло од овие евроквалификации.

Селекторот Брестовац потсети дека неговите избраници мора максимално мотивирано да влезат во пресметката со турците. Македонската репрезентација по четири кола има 5 бода и се наоѓа на првото место на табелата во групата 3.

За потврда на лидерската позиција која носи бенефит пред ждрепката за групната фаза од континенталниот собир потребни ни се две победи, денеска против Турција и во недела на домашен терен во Струмица против селекцијата на Грција. Од нашата група денеска Грција го пречекува Исланд.

Back To Top