skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Македонската карате репрезентација подготвена за медали на СП во Шпанија

Македонската карате репрезентација подготвена за медали на СП во Шпанија
  • 02.11.2018

Дека, каратето е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во Македонија, говорат постигнатите резултати, историски, изминатиов период. Шанса за нови медали македонската карате репрезентација ќе има на претстојното СП во Шпанија, каде од 6 до 11 ноември учество ќе земат 13 наши репрезентативци, од вкупно 1117 натпреварувачи од 14 земји учеснички.

Директорот на Агенцијата за Млади и спорт, Дарко Каевски, денеска им посака голем успех на прес-конференцијата во нивна чест.

„Успесите кои ги донесоа претходната генерација каратисти и актуелните, денеска одиме со ново поглавје. АМС секогаш е појдовна и завршна точка на нашите спортисти. Нашите каратисти редовно се враќаат со медали од големите натпреварување, верувам дека оваа генерација ќе ја продолжи традицијата и повторно ќе освои многу медали. Им посакувам успех и среќа на нашите спортисти“, кажа Каевски.

Еден од каратистите, Емил Павлов, вели дека е подготвен и мотивиран затоа што оди како актуелен европски шампион.

„Подготвен сум, мотивиран одам како актуелен европски првак. Притисокот е на највисоко ниво, но кога и да сум под притисиок се борам доста добро и постигнувам резултати. Моите противници ги знам, ги имам победувано и верувам во себе дека можам да дојдам до голем резултат и да ја израдувам македонската јавност“, се надева Павлов.

Каратистот Берат Јакупи, кој освои златен медал во категоријата до 84 килограми на Медитеранските игри кажа дека секој турнир е важен за нив, а посебно СП во Мадрид.

„Каратето откако влезе во ОИ секој турнир и првенство е важен за нас, но најважен е СП во Мадрид и тоа е еден голем притисок за нас, но оваа година трениравме напорно и последните подготовки ги завршивме силни и сме подгтотвени за успех. Оптимисти сме и јас лично, дека оваа последна година ги победив сите најдобри броци во светот. Но мораме да биде сконцентрирани за да стигнеме до финале“, вели Јакупи.

Карате репрезентацијата в недела патува за Шпанија, каде преку СП ќе го трасира патот до Олимписките игри во Токио 2020.

Македонија на СП во Шпанија ќе настапи со:

  1. Емил Павлов – 60 кг.
  2. Давид Петков – 67 кг.
  3. Азиз Исмаил -75 кг.
  4. Берат Јакупи – 84 кг.
  5. Мартин Несторовски + 84 кг.
  6. Сара Радичевска – 50 кг.
  7. Јована Георгиева – 55 кг.
  8. Наташа Стефановска – 61кг.
  9. Моника Стефановска – 68 кг
  10. Жарко Арсовски – настапува во екипниот дел
  11. Петар Заборски – настапува во екипниот дел
  12. Фери Исиќ – кати
  13. Пулексена Јованоска – кати

 

Back To Top