skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Собраниската Комисија утре ќе ја започне дебатата по уставните амандмани
Со дополнителни докази на одбраната продолжува судењето за „27 април“
Трајковски по посетата на Груевски во Будимпешта, без коментар пред денешното рочиште за насилството во Центар
Во Врховен расправа по жалбата на Митриновски околу неговото разрешување
Мицоткаис до Ципрас: Не ја спасивте Македонија, туку отстапивте македонска националност и јазик
Гутереш: Преспанскиот договор е пример за мирно решавање спорови
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Македонија остана без знаменосецот – Ана Марија дисквалификувана на МОИ во Буенос Аирес

Македонија остана без знаменосецот – Ана Марија дисквалификувана на МОИ во Буенос Аирес
  • 09.10.2018

Македонија остана без знаменосецот и спортистот од кого најмногу се очекуваше на Младинските олимписки игри (МОИ) во Буенос Аирес. Таеквондистката Ана Марија Георгиевска требаше да настапи во категоријата до 55 килограми, но, на официјалното мерење покажа 500 грами поголема тежина, доволно да биде дисквалификувана.

Веднаш за случајот преку социјалните мрежи информираше генералниот секретар на МОК, Сашо Поповски, кој всушност се обиде да го објасни аматерскиот пропуст поради кој Македонија остана без шанса да дојде до медал на Олимписките игри за млади.

МОИ во Буенос Аирес почнаа пред три дена и ќе траат до 18 октомври. Македонија сега останува со петмина спортисти Фахид Весели (карате), Драган Велинов (борење), Хамза Хашари (џудо), Миа Крстевска (пливање 100 и 200 метри грбно) и Берат Мустафа (атлетика 400 метри).

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top