Македонија не памети успеси во атлетиката како сега, но услови и натаму – НЕМА! До кога? (ВИДЕО)

Атлетиката, трчањето, маратоните сѐ повеќе земаат замав во последниве години во Македонија. Сведоци сме на нови млади македонски атлетичари, кои се почесто не изненадуваат со блескави резултати и рекорди, кои дополнително влеваат мотивација и желба за уште поголеми успеси, сѐ со цел остварување олимписка норма.
Едни од најдобрите македонски атлетичари во овој момент се Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова, млади спортисти со огромни амбиции и зацртани високи цели пред себе.
Но и покрај тоа што Македонија не памети успеси како нивните и натаму македонските атлетичари мака мачат во зимскиот период бидејќи услови за тренирање речиси и да нема. Атлетска сала во Македонија – НЕМА. За билдање на формата во ноември, декември и јануари најчесто тренираат во Белград, Софија…ДО КОГА?
Во отвореното студио на „1ТВ“ разговаравме со Игор Јакимовски, човек кој сиот свој живот го вложува во атлетиката, трчањето, маратони и важи за најголем промотер на македонската атлетика. Игор, како се уште активен натпреварувач и тренер, на најдобар можен начин говори за успесите, за напорната работа, но и за сите недостатоци кога во прашање е атлетиката кај нас.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.