skip to Main Content

ЛШ: Барса со пресврт го совлада Интер, Челзи со тешка победа против Лил

ЛШ: Барса со пресврт го совлада Интер, Челзи со тешка победа против Лил
  • 03.10.2019

Барселона успеа да направи пресврт и да го совлада Интер со 2:1 во натпревар од групата „Ф“ во Лигата на шампионите, одигран на „Камп Ноу“. Фудбалерите на тренерот Ернесто Валверде одиграа исклучително слабо прво полувреме, покажувајќи слаба игра и можат да бидат среќни што дозволија само еден погодок, дело на Лаутаро Мартинез (3’).

Во вториот дел, Каталонците ја зголемија брзината и заслужено стигнаа до изедначувачки гол, дело на Луис Суарез, кој се запиша во листата на стрелците по страшен волеј. Уругваецот успеа да го нанесе решавачкиот удар на крајот од натпреварот, запишувајќи се по втор пат. Па така Барса веќе е на второто место во пласманот во групата „Ф“ со предност од 4 бода, колку има и екипата на Борусија Дортмунд, која ја совлада Славија Прага со 2:0. Интер и Чесите се со по 1 бод.Челзи пак ја оствари својата прва победа во Лигата на шампионите за сезоната по тешката победа од 2:1 над Лил во Франција.

Двете екипи одиграа солиден натпревар на „Стад Пјер-Мороа“ и новиот топ-стрелец на лондонскиот тим, Теми Абрахам го отвори резултатот во 22-та минута. Малку подоцна домаќините израмнија преку Виктор Осимен, а гостите победија по прекрасниот гол на Вилијан на крајот од натпреварот. Така, Челзи ги освои првите три бода во групата „Х“, исто колку што има и Валенсија, која загуби дома од Ајакс (6 поени). Лил нема бодови по 2 меча.

Во следното коло на 23 октомври, „сините“ ќе гостуваат во Амстердам додека „лилјаците“ го пречекуваат Лил.

Резултати од ЛШ, 2. коло:

Група Е:

Генк – Наполи 0:0
Ливерпул – Салцбург 4:3

Група Ф:

Славија Прага – Борусија Дортмунд 0:2
Барселона – Интер 2:1

Група Г:

РБ Лајпциг – Лион 0:2
Зенит – Бенфика 3:1

Група Х:

Лил – Челзи 1:2
Валенсија – Ајакс 0:3

Back To Top