skip to Main Content

Ливерпул со чудо против Барселона до финале во ЛШ !

Ливерпул со чудо против Барселона до финале во ЛШ !
  • 07.05.2019

Фудбалерите на Јирген Клоп ја победија Барселона на Енфил со 4:0 и со оваа ја анулираа негативата од три гола од дуелот на Ноу Камп. Со ова Ливерпул се пласираше во финалето од Лигата на шампионите на УЕФА.

Орижи и Вајналдум со по два гола беа главните херои на црвените пред своите навивачи во дуелот со фаворизираната Барселона.

Ливерпул втора година по ред ќе игра во големото финале, лани во битката за титулата загуби од Реал Мадрид.

Утре во вториот полуфинален реванш, Ајакс брани 1:0 против Тотенхем на домашен терен.

Back To Top