skip to Main Content

ЛЕ: Манчестер Јунајтед се мачеше, дебакл на ЦСКА М. и на Борусија М.

ЛЕ: Манчестер Јунајтед се мачеше, дебакл на ЦСКА М. и на Борусија М.
  • 20.09.2019

Манчестер јунајтед мораше добро да се намачи против Астана на „Олд Трафорд“ за минимална победа со 1:0 во меч од првото коло во групата Л во Лига Европа. Дефанзивно ориентираните Казахстанци одолеваа на нападите и заканите на „црвените ѓаволи“ цели 73. минута по што тинејџерот Мејсон Гринвуд ја проби нивната одбрана по соло акцијата што на крај се покажа како решавачки момент на средбата.

Во вториот меч во групата, Партизан одигра 2:2 во Белград против холандски АЗ Алкмар. „Црно-белите“ имаа играч од 27. минута, имаа иницијатива, создаваа шанси, но не успеаја до трите бода. Начо беше двоен стрелец за домашните во 42. минута од пенал и во 61. минута, Калвин Стенгс во 13. минута и Мирон Боаду во 67. минута погодија за гостите.

Лудогорец ја „потопи“ ЦСКА М. во Разград. Московјани водеа со 1:0 по првото полувреме, но бугарскиот тим на крајот славеше со 5:1. Хет-трик постигна Клаудиу Кешеру во 52. минута, во 68. минута и во 73. минута од пенал, за останатите два се погрижија Вандерсон во 48. минута и Јоди Лукоки во 50. минута.

Изненадување на вечерта, сепак, е Волфсбергер. Австрискиот бундеслигаш ја декласира Борусија во Менхенгладбах со 4:0 и најави амбиции за нокаут фаза преку групата Ј. Шон Вајсман во 13. минута, Марио Литгеб во 31. минута и во 68. минута и Марсел Рицмаер во 41. минута беа творци на големиот триумф на клубот од југот на Австрија.

Лига Европа, 1 коло

Група А: Карабаг – Севилја 0:3, АПОЕЛ – Диделанж 3:4

Група Б: Динамо Киев – Малме 1:0, Копенхаген – Лугано 1:0

Група Ц: Базел – Краснодар 5:0, Хетафе – Трабзонспор 1:0

Група Д: ЛАСК Линц – Розенборг 1:0, ПСВ Ајндховен – Спортинг Лисабон 3:2

Група Е: Рен – Селтик 1:1, Клуж – Лацио 2:1

Група Ф: Ајнтрахт Франкфурт – Арсенал 0:3, Стандард Лиеж – Виторија Гимараеш 2:0

Група Г: Глазгоџ Ренџерс – Феенорд 1:0, Порто – Јанг Бојс 2:1

Група Х: Еспањол – Ференцварош 1:1, Лудогорец – ЦСКА Москва 5:1

Група И: Волфсбург – Александрија 3:1, Гент – Сент Етјен 3:2

Група Ј: Борусија Менхенгладбах – Волфсбергер 0:4, Рома – Истанбул Башакшехир 4:0

Група К: Вулверхемптон – Брага 0:1, Слован Братислава – Бешикташ 4:2

Група Л: Манчестер јунајтед – Астана 1:0, Партизан – АЗ Алкмар 2:2

извор:новатв.мк

Back To Top