skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
МВР: Одделенијата за управни работи ќе работат за викендите кога ќе се гласа за избор на претседател
Делегација на ПССЕ ќе го набљудува спроведувањето на претседателските избори
Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право
Почнува теренската вакцинација во основните и средните училишта
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Лејкерси носат ново звучно име во својот состав – Тајсон Чендлер за битка до тронот

Лејкерси носат ново звучно име во својот состав – Тајсон Чендлер за битка до тронот
  • 04.11.2018

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс, кој повторно е во фокусот по доаѓањето на најголемата кошаркарска ѕвезда, Леброн Џејмс, за сега не може да се пофали со старт од соништата во новата сезона во НБА (Ен Бе А) лигата и по девет мечеви има учинок од четири победи и пет порази што во моментов е доволно за десетто место на Западот.

Поради ова клубот од Калифорнија повлекува нов потег, односно засилување со кое ќе се обиде да додаде квалитет во рекетот носејќи го ветеранот Тајсон Чендлер. Центарот ќе ја заврши соработката со Феникс Санс и потоа ќе се упати кон Лос Анџелес и „Стејплс Центарот“.

Со него „езерџиите“ ќе добијат сериозно засилување под кошевите, односно ќе го засилат најтенкиот дел од тимот со оглед на тоа што Џавал МекГи е единствена проверена и докажана опција која во моментов ја имаат на располагање.

Задоволен од овој потег на клубот е Леброн Џејмс кој за Чендлер кој скоро две децении е во НБА лигата има само пофални зборови.

„Ни се допаѓа тоа што ќе додаме уште еден ветеран. Тој игра цврсто, многу е паметен и е уште еден шампион. Да се додаде уштe еден шампион во групата, да се зголеми ширината на клупата поради која се мачиме неколку пати“, порача Леброн.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top