skip to Main Content

Леклер на пол-позицијата во Сочи

Леклер на пол-позицијата во Сочи
  • 28.09.2019

Шарл Леклер од Ферари беше најбрз на квалификациите на патеката во Сочи и утрешната трка за Големата награда на Русија ќе ја почне од пол-позицијата.

Пилотот на Ферари четврта трка по ред ќе тргне од најповолната позиција, а во првиот ред друштво ќе му прави Луис Хамилтон од Мерцедес, кој заостана 402 илјадитинки. Трети е Себастијан Фетел од Ферари, кој за малку не успеа да го надмине светскиот првак, па Британецот ги раздвои двете Ферарија.

– Стартот на утрешната трка ќе биде многу важен. Задоволен сум со пол-позицијата, болидот беше многу брз. Сега треба да се фокусирам на трката, изјави младиот пилот од Монако, кој откако дојде во Ферари, има шест пол-позиции.

Back To Top