skip to Main Content

Леклер: Морам да ја затворам устата и да возам

Леклер: Морам да ја затворам устата и да возам
  • 27.09.2019

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер беше самокритичен и го смени својот тон откако се налути на тимската тактика што му ја одзеде победата во Сингапур.

Стратегијата на Себастијан Фетел го однесе Германецот на врвот и „Скудерија“ реши да не ги менува позициите на своите пилоти, иако младиот Леклер водеше во првите кругови и тој требаше да се задоволи со второто место.

Ова го налути Леклер, но пред Руското ГП во недела, возачот од Кнежеството објави дека веќе го оставил она што се случило зад него.

„Мислам дека мојата реакција во болидот беше неприфатлива и покажа дека има уште многу работи да учам. Во таква ситуација, дефинитивно немаше потреба од такво нешто, па затоа е подобро да си ја затворам устата и да возам“, рече Шарл.

„Морам да се контролирам многу подобро и тоа беше единствената стратегија што ни гарантираше двојна победа. Верувам дека ќе научам од тоа што се случи и нема да се случи повторно“, додаде тој.

Денес се првите две слободни тренинг сесии во Русија пред трката, а ќе биде исклучително интересно како ќе настапи Ферари и дали тие ќе го продолжат својот победнички од.

Back To Top