skip to Main Content

Леброн: Сите беа феноменални кога беше најпотребно

Леброн: Сите беа феноменални кога беше најпотребно
  • 02.05.2018

Кливленд до победата во првиот меч против Торонто дојде по продолженијата во кој прв пат во мечот дојде до водство.Леброн Џејмс е задоволен од партијата која ја прикажаа неговите соиграчи.

„Дефинитивно не бев толку ефикасен,промашив многу отворени шутеви.Поради повредата со која се здобив во седмиот меч не бев сигурен дали ќе настапам на следниот меч,но најважно е дека стигнавме до победата.Мојте соиграчи беа феноменални вечерва,играа најдобро кога јас не бев на висина на задачата“,изјави Леброн Џејмс по мечот.

„Сите беа феноменални.Кевин се мачеше во првото полувреме,но Џеф го „подигна“.Кајл имаше добро второ полувреме,Кевин се врати во игра и тоа го направи на одличен начин.Џеј Ар беше константно добар во текот на целиот меч,останатите само продолжија таму каде застанаа во седмиот меч.Сите допринесоа во оваа победа вечерва,дефинитивно тоа ни беше потребно“,кажа Џејмс кој беше најефикасен на овој натпревар.

Кливленд во серијата против Торонто влезе практично без одмор,но на крајот тоа не беше проблем за Кавси.

„Немавме време да се припремиме како што тоа го правиме во плејофот.Брзо моравме да го одиграме седмиот натпревар против Торонто,но тренерите не припремија во овој краток период.Излеговме на терен со желба за победа и бевме доста добри кога ке се земе се во преглед.Тука сме ние четворица од порано,но и останатите одлично се вклопуваат и даваат голем допринос“,оцени Џејмс.

„Сакаме да бидеме најдобри кога и да играме.Имаме малку време да се припремиме за наредниот меч,но на крајот на мечот или се победува или се губи,целата припрема е небитна ако на паркетот не покажеш кој си“, порача Леброн Џејмс.

Back To Top