Леброн и со 35 поени не ги спаси од пораз Лејкерс кај Сан Антонио

Кошаркарите на Сан Антонио спарс на домашен терен ги совладаа Лос Анџелес лејкерс со 110:106.
Леброн Џејмс постигна 35 поени и 11 скока, но тоа не беше доволно Лејкерс да избегнат втор пораз за помалку од една седмица.
Во домашниот тим Демар Дерозан беше најефикасен со 30 поени, 12 скока и осум асистенции.
Милвоки бакс убедливо со 113:91 го совладаа Орландо меџик, а Кливленд кавaлирс го забележаа шестиот пораз во исто толку натпревари, откако загубија со 119:107 на гостувањето кај Индијана пејсерс.
Кошаркарите на Јута џез со 132:111 ги совладаа Њу Орлеанс пеликанс.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.