skip to Main Content

„Лауреус“: Новак Ѓоковиќ најдобар спортист во светот, на чекор до рекордерот Федерер

„Лауреус“: Новак Ѓоковиќ најдобар спортист во светот, на чекор до рекордерот Федерер
  • 19.02.2019

Новак Ѓоковиќ по четврти пат во кариерата е добитник на наградата „Лауреус“ за 2018 година, што истоимената фондација го доделува за најдобриот спортист на светот.

Во конкуренција за престижниот спортски оскар беа и фудбалерите Лука Модриќ и Килијан Мбапе, кошаркарот Леброн Џејмс и формула еден пилотот Луис Хамилтон.

Најдобриот рекет на светот ја заслужи оваа статуетка благодарение на неверојатниот кам-бек во 2018. По операцијата и долгата пауза, падна на 22-то место на АТП, сепак до крајот на сезоната го потисна Рафаел Надал од челната позиција на ранг листата, а во ист стил продолжи и во 2019-та.

Рекордер по бројот на „Лауреус“ награди останува Роџер Федерер со вкупно пет, додека за Ѓоковиќ ова е четврто признанија по 2012, 2015 и 2016-та година.

За најдобра спортистка на светот е избрана американската гимнастичарка Симон Бајлс. Тим на годината е светскиот фудбалски шампион, Франција. Откритие – тенисерката Наоми Осака. Признание за животно дело – францускиот стратег Арсен Венгер, а специјалната награда „спортски дух на годината“ во рацете на скијачката Линдзи Вон. Скијачката Хенријета Фаркашова, пак е добитничка на признанието најдобра меѓу спортистите со инвалидитет.

Back To Top