skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Лампард и Дерби немоќни – Астон Вила по три години се враќа во Премиер лигата

Лампард и Дерби немоќни – Астон Вила по три години се враќа во Премиер лигата
  • 27.05.2019

Во големото финале од плејофот на Чемпионшип, Астон Вила предводени од Дин Смит и Џон Тери го совладаа Дерби Каунти, тимот на Френк Лампард, со 2-1 за прогрес во Премиерлигата.

Во официјално најскапиот меч во историјата на спортот, вреден над 190 милиони евра, големиот успех за тимот од „Вила Парк“ го најави Ел Гази на истекот од првиот дел. Веќе на стартот во второто полувреме Џон МекГин ја дуплираше предноста, а Дерби до крајот реализираше утешен погодок благодарение на Мериот.

По три години, Астон Вила повторно е Премиерлигаш откако минатата беа спречени од Фулам, а Дерби по цели 11 години ја пропушти најголемата шанса да се врати на големата сцена во Англија.

Покрај Астон Вила нови премиерлигаши се Норвич и Шефилд Јунајтед, додека во Чемпионшип се враќаат Хадерсфилд, Фулам и Кардиф.

Back To Top