skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Судењето за „27 април“ одложено за 31 јануари, Русковска информира дека во обвинението нема суштински измени
Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат
Нови рочишта за „Топлик“ и за убиството на Саздовски
Отровен воздух и привремени мерки: бесплатен превоз во ЈСП, за два дена продолжен зимски распуст и два дена скијање во Маврово за децата
Во Грција почнуваат парламентарните процедури за ратификација на Договорот од Преспа
Нимиц ја повика Грција да го ратификува Преспанскиот договор
Делегација на Собранието на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Куртоа и Ковачиќ пресреќни поради трансфер-размената на Реал и Челси

Куртоа и Ковачиќ пресреќни поради трансфер-размената на Реал и Челси
  • 09.08.2018

Конечно, по повеќе од еден месец, шпекулациите околу трансферот на Тибо Куртоа од Челси во Реал Мадрид завршија. Белгискиот голман се пресели на „Сантијаго Бернабе“, каде стави потпис на шестгодишен договор, вреден 40 милиони евра, а како дел од трансфер-зделката Челси на позајмица го доби Хрватот, Матео Ковачиќ.

„Благодарност до Реал Мадрид, сега е на ред да го дадам најдоброто од себе. Од денеска мојот сон е реалност, сон кој го имав како дете, да играм на стадионот каде играле најголемите играчи. Од денеска сум мадридиста и сакам да се запишам во историјата. Хала Мадрид“, рече Куртоа на официјалната промоција.

Како дел од трансферот, во спортивен правец во Лондон замина Ковачиќ на едногодишна позајмица во Челси. Хрватот го напушти „Бернабе“ се со цел поголема минутажа, која се надева ќе ја добие кај тренерот Маурицио Сари.

„Среќен сум и возбуден, што сум тука во Челси. Ќе се обидам да го дадам најдоброто за овој клуб. Ова е нова лига за мене, а секој почеток е доста тежок, но сигурен сум дека тренерот и моите нови соиграчи ќе ми помогнат и се надевам на добра сезона“, изјави Ковачиќ на официјалната промоција.

 

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top