skip to Main Content

Кристијано Роналдо ќе биде подготвен за дуелот со Ајакс

Кристијано Роналдо ќе биде подготвен за дуелот со Ајакс
  • 29.03.2019

Најдобриот играч од редовите на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе успее да се рехабилитира на време за воведниот натпревар од четвртфиналето против Ајакс во Лигата на шампионите.

Медиумите од Италија тврдат дека репрезентативецот на Португалија од следната недела ќе се врати во полн тренажен процес и ќе може да биде во комбинација за настан за важниот натпревар за „старата дама“ во елитата на Европа.

Роналдо се повреди на дуелот со Србија од новиот циклус квалификациите за ЕП. Првично беше најавено дека ќе паузира подолго но изгледа дека работите не се така црни за првакот на Италија.

Од Торино тврдат дека ќе ја следат состојбата со Роналдо внимателно и дека немаат намера да ризикуваат доколку напаѓачот не биде во целост подготвен за мечот со Ајакс.

Back To Top