skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Приведен Стевчо Јакимовски
Како градоначалник Јакимовски легализирал објекти на државата и ги продавал по пет евра квадрат!
Бошковиќ: Договорот меѓу Северна Македонија и Грција доказ дека постојат храбри луѓе во регионот
Венецијанската комисија даде позитивно мислење за Законот за Судскиот совет
Нови авиолинии од Скопје до Баден и Бремен
Славчо Попоски: Следува краткотрајна нестабилност, дожд, грмежи и засилување на ветерот
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Кристал Палас приреди изненадување во Манчестер, Хоџсон го израдува својот поранешен клуб Ливерпул

Кристал Палас приреди изненадување во Манчестер, Хоџсон го израдува својот поранешен клуб Ливерпул
  • 22.12.2018

Поранешниот тренер на Ливерпул, Рој Хоџсон и неговиот Кристал Палас им приредија сензација на Пеп Гвардиола и Манчестер Сити, откако остварија гостинска победа со резултат 2:3, што секако им иде во прилог на навивачите на Ливерпул, кои пак не само што ќе бидат на врвот на Англиската Премиер лига за Божиќ, туку ќе го започнат 19.коло со 4 бода повеќе од второпласираните „граѓани“.

Изненадување во Премиер лигата приреди и Лестер со победа од 0:1 на гости во Лондон кај Челзи.

Кристал Палас одигра храбро на Етихад и стигна до првата победа на гости кај Манчестер Сити во Премиерлигата. „Граѓаните“ влегоа како огромен фаворит во мечот и поведоа со голот на Гундоган во 27. минута. Но Шлуп брзо изедначи а Таунсенд со прекрасен гол од 25. метри донесе водство за Кристал Палас во 35. минута.

На стартот од вториот дел, Миливојевиќ погоди од пенал и најави сензација. До крајот на средбата, Манчестер Сити силно притискаше но домаќините успеаја само да намалат на 2:3. Де Брујне во 85. минута сакаше да центрира, но ненамерно постигна атрактивен гол.

Уште еден меч попладнево заврши со изненадувачки резултат откако Лестер со 0:1 славеше на Стемфорд Бриџ. Варди во 51. минута беше стрелец на погодокот вреден три бода.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top