skip to Main Content

Кочов предупредува, МЗТ Скопје го очекува уште еден неизвесен натпревар со Спарс

Кочов предупредува, МЗТ Скопје го очекува уште еден неизвесен натпревар со Спарс
  • 21.03.2019

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во недела во СЦ Јане Сандански имаат можност со победа против Спарс да се пласираат во финалето од плејофот во АБА 2 лигата.

Двата поени на Лестер Медфорд во последната секунда на синоќешното гостување на металците во Сараево може да се покажат како клучни во обидот да се продолжи битката за враќање во првата АБА лигата.

Тренерот на Металците, Ѓорѓи Кочов по победата над Спарс не заборави да предупреди дека ништо не се завршено. Тој тврди дека во Скопје ќе се одигра уште еден крајно неизвесен натпревар и признава дека неговите кошаркари имале среќа на вчерашното соочување во кое домаќинот тотално доминираше во првото полувреме.

Доколку МЗТ Скопје го победи Спарс во вториотден од викендов ќе се пласира во финалето каде ќе игра со подобриот од полуфиналниот дуел на Приморска и Борец.

Back To Top