skip to Main Content

Ковач по 7-2 на „Вембли“: Ѕвезден момент за германскиот фудбал

Ковач по 7-2 на „Вембли“: Ѕвезден момент за германскиот фудбал
  • 02.10.2019

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач, ја опиша победата од 7:2 над Тотенхем во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите како ѕвезден момент за германскиот клупски фудбал.

„Дефинитивно не сонувавме за таков резултат. Знаевме што не чекаше на „Вембли“. Натпреварот беше многу интензивен, бидејќи на почетокот Тотенхем изврши голем притисок, додека на нас ни недостасуваше агресија. Кога играме во Англија е многу важно да се издржи во почетокот. По првите 30 минути игравме исклучително добро, а нашиот втор гол пред паузата беше многу важен. По паузата, одигравме онака каков што замислував. Тоа беше sвезден момент за германскиот фудбал, но сега треба да се фокусираме на Бундеслигата. Поставивме високи цели за оваа сезона, сакаме да освоиме многу трофеи“, прокоментира Ковач.

Back To Top