skip to Main Content

Кимих: Роналдо е покомплетен од Меси

Кимих: Роналдо е покомплетен од Меси
  • 24.04.2018

Играчот за врска на Баерн Минхен Џошуа Кимих се подготвува за дуелот за најкомплетен играч на денешницата со Кристијано Роналдо во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Баерн на Алијанс Арената ке биде домаќин на првиот од двата меча против мадридскиот Реал, кој ке одлучи еден од финалистите во елитното европско натпреварување.

Минатогодишниот хет трик на Кристијано Роналдо ги сруши соновите на Баварците за полуфиналето, па сега ќе мора да внимаваат и да вложат сериозен напор за да го сопрат португалскиот играч.

Кога ќе се земе в предвид тоа што 32 годишниот напаѓач постигна 15 гола во десет мечеви од лигата на шампионите, Баерн ги очекува тешка задача.

Младата надеж на екипата од Минхен Џошуа Кимих мисли дека учинокот на Роналдо е тоа што го прави комплетен играч, за разлика од неговиот ривал од Барселона Лионел Меси.

-Кога се головите во прашање, Роналдо е во предност. Посебно головите во Лигата на шампиони, истакна Кимих и додаде:

-Меси е потполно друг тип на играч. Роналдо можеби е покомплетен кога се во прашање вештините кој тој ги поседува. Меси има подобар дриблинг, а Роналдо подобра завршница. Не можам да кажам кој е подобар, но ми е мило што можам да играм во времето во кое тие играат. Роналдо може да биде блокиран само од целиот тим. Тој е навистина гол-машина со неверојатни резултати, заклучи 23 годишниот бек.

Back To Top