skip to Main Content

Кевин Лав го обнови договорот со Кливленд

Кевин Лав го обнови договорот со Кливленд
  • 25.07.2018

Раководството на Кливленд Кавалирс постигна една од главните цели ова лето откако Кевин Лав потпиша нов долгорочен договор со тимот, објави „ЕСПН“.

Условите на новиот договор остануваат тајни за општата јавност, но извор на медиумот открива дека договорот е за четири години и вреди вкупно 120 милиони долари.

– Сакам да се заблагодарам на целото раководство на Кливленд Кавалиерс за довербата што ја имаат во мене. Кога се префрлив на тимот пред неколку години, мојата единствена желба беше да останам долго време и да му помогнам на тимот да се развие, изјави кошаркарот на прес-конференција објавувајќи го својот нов договор.

Кевин Лав дебитираше во сезоната 2008/09, кога беше избран под број 5 на Драфтот од Минесота Тимбервулвс. Центарот преминува во Кливленд Кавалиерс како дел од тристрани договор во 2014 година, а во изминатите две сезони е дел од изборот на Источна конференција за „Натпреварот на ѕвездите“.

За 10 години во Лигата, Лав има просек 18,3 поени и 11,3 скока по натпревар, вклучувајќи 15 поени и 9,7 скока по меч во плејофот.

Back To Top